Нашите производи не само што ги исполнуваат, туку ги надминуваат сите европски критериуми и стандарди. Нашата посветеност гарантира дека компаниите со аспирации ориентирани кон извоз можат самоуверено да нѝ ги доверат своите потреби за пакување, знаејќи дека нашиот најголем белег е квалитетот.

Портфолиото на производи опфаќа разновидни гајби и кутии, достапни во различни димензии за сите ваши специфични барања, како и специјализирани решенија дизајнирани за сите видови на зеленчук и овошје. Изработката на нашите кутии е прецизно дизајнирана и приспособена за безбеден транспорт на Вашата роба.

Заштитата на природата е од исклучително значење за нас и токму затоа, она што го издвојува нашето картонско пакување од останатите е неговиот уникатен состав од материјали кои се биоразградливи. Вклучувањето на TAR кодот е само уште еден доказ за посветеноста на вашата непречена дистрибуција на производи на големо.